Booty Room

💪 КАКО ФУНКЦИОНИРА

Од пријава до твојот план, чекор по чекор.

Сè се одвива на телефонот, освен тренингот. Ти треба само Telegram.

ШТО ДОБИВАШ
План за 5 недели, па нов блок со нови вежби. 3 или 4 тренинзи неделно, нормални или кратки. Видео за секоја вежба и QR-упатство на машината. Систем што те следи и напредува со тебе.
Стани член
  1. 1
    Пријави се онлајноколу 1 минута
    Избираш членство (месечно или 3 месеци), ја потврдуваш е-поштата со код и ги внесуваш име и телефон. Веднаш добиваш QR-пропусница за влез, која важи 24 часа.
  2. 2
    Одговори на неколку прашања во Telegramоколу 5 минути
    Нашиот бот те прашува сè што му треба на системот за да те запознае:
    Цел: мускули или слабеење Фокус: долен, горен дел или цело тело До 2 мускули по избор 3 или 4 дена неделно Искуство Колена, грб, рамења Дневни чекори и работа
  3. 3
    Системот ти го прави планотведнаш или кога ќе избереш
    Од твоите одговори системот пресметува план за 5 недели, со вежби на нашите машини и видео за секоја. Стигнува веднаш, или од денот кога ќе избереш. Планот ти стигнува во Telegram кога ќе му кажеш на ботот дека почнуваш: денес, утре или кога ќе посакаш.
  4. 4
    Прва посета во студиотопон–пет, 14:00–21:00
    Влегуваш со QR-кодот и плаќаш членарина. Првите 70 членки добиваат почетен тренинг 1 на 1: ти ги покажуваме машините и QR-упатствата. По уплатата, пропусницата важи за целото членство.
  5. 5
    Тренирај и напредувај Пред секој тренинг избираш: нормален или краток. Секоја вежба има видео. Напорот расте до 4. недела, 5. недела е полесна, а потоа почнува нов блок. Секој нов блок системот го гради од тоа што навистина го тренираше.

🍑 ЗА СЕКОЕ НИВО

Прв пат или со години тренираш, системот е направен за тебе.

Истиот систем, две различни искуства: почетничките ги води безбедно и чекор по чекор, а напредните добиваат програмирање какво што ретко се гледа во теретана.

За почетнички

Почнуваш? Системот те води чекор по чекор.

1Учиш техникаПолесни вежби, умерен напор, видео за сè.
2Градиш силаИстите вежби, повеќе тежина и волумен.
3+НапредувашНови вежби и нов блок, по твое темпо.
Пример за првите месеци.
Стабилни вежби: истите вежби цел блок, за да ги совладаш и да гледаш напредок.
Волумен по твоја мерка: почнуваш со колку што ти треба, а системот го зголемува како што се прилагодуваш.
Најмногу 2 нови вежби по тренинг, за никогаш да не се изгубиш.
Насоки за тежината: за секоја вежба знаеш колку повторувања да оставиш во резерва, па знаеш дали тежината е добра.
Упатство и видео за секоја вежба, плус QR-код на секоја машина.
Умерен напор на почеток, за прво да ја научиш техниката, без болки и без прегорување.
За напредни

Напредна? Програмирање без празен волумен.

Нед. 1RIR 3
Нед. 2RIR 2
Нед. 3RIR 1–2
Нед. 4RIR 0–1
Нед. 5Deload
Пример за еден блок: напорот расте до 4. недела, а 5. е полесна за опоравување.
Научно засновано: мезоциклуси од 5 недели со прогресивно оптоварување и deload.
Прецизно пресметан волумен по мускул, според твоите приоритети. Без празен волумен.
RIR цели за секоја вежба, секоја недела: точно знаеш колку блиску до откажување да одиш.
Подобро опоравување: полесна 5. недела и распоред на мускулните групи низ неделата.
Те следи и напредува со тебе: секој нов блок се гради од тоа што навистина го тренираше.
Специјализирана опрема: хип траст, кикбек и абдуктор машини, плус машините со тегови долу.
Слобода: планот е тука кога ти треба, а можеш да тренираш и по свое.

🍑 ТВОЈОТ ПАТ

Истиот систем. Различен пат за секое ниво.

Градиш навика и основа Првите месеци се за тоа тренингот да ти стане навика и движењата да ти седнат.
  • Навика3 тренинзи неделно што лесно се вклопуваат во твојот ден.
  • ТехникаГи учиш вежбите со видео и упатство, најмногу 2 нови по тренинг.
  • СилаИстите вежби цел блок, за да гледаш како јакнеш од недела во недела.
  • Кардио по потребаКолку што ти треба за твојата цел и твојот ден.
  • Без прегорувањеУмерен напор, за да уживаш и да не се откажеш.

Системот го избира твојот пат од твоите одговори и те води понатаму како што напредуваш.

Подготвена за прв тренинг?

Дојди на бесплатен ден или стани членка од 1.800 ден. месечно, цена само за првите 40.

Стани член Земи бесплатен ден