🍑 САМО ЗА ЖЕНИ · БИТОЛА 24/7
Твое студио.
Твој план.
Твое темпо.
Приватно студио со специјализирани машини за жени и личен план за тренинг за секоја членка!
💪 ТВОЈОТ ПЛАН
Систем што тренира заедно со тебе.
Одговараш на неколку прашања, а нашиот систем ти подготвува план според твојата цел, искуство и времето што го имаш. Секој тренинг знаеш што да правиш, како правилно да ги изведуваш вежбите и како да напредуваш.
Изграден врз научните принципи на тренинг што ги користат најдобрите програми во светот:
🍑 ЗА СЕКОЕ НИВО
Прв пат или со години тренираш, системот е направен за тебе.
Истиот систем, две различни искуства: почетничките ги води безбедно и чекор по чекор, а напредните добиваат програмирање какво што ретко се гледа во теретана.
Почнуваш? Системот те води чекор по чекор.
Напредна? Програмирање без празен волумен.
🍑 ТВОЈОТ ПАТ
Истиот систем. Различен пат за секое ниво.
- Навика3 тренинзи неделно што лесно се вклопуваат во твојот ден.
- ТехникаГи учиш вежбите со видео и упатство, најмногу 2 нови по тренинг.
- СилаИстите вежби цел блок, за да гледаш како јакнеш од недела во недела.
- Кардио по потребаКолку што ти треба за твојата цел и твојот ден.
- Без прегорувањеУмерен напор, за да уживаш и да не се откажеш.
- ПрогресијаТежините и напорот растат низ неделите, по јасен план.
- Твој фокусДо 2 мускули по избор: глутеус, нозе, грб, рамења…
- Нови блоковиНа секои 5 недели нов блок, изграден од тоа што го тренираше.
- Опоравување5. недела е полесна, за телото да се опорави и да расте.
- Кардио по целПовеќе за слабеење, помалку кога градиш мускули.
- Прецизен волуменПресметан по мускул, без празен волумен.
- RIR секоја неделаТочно знаеш колку блиску до откажување да одиш.
- МезоциклусиБлокови од 5 недели со прогресивно оптоварување и deload.
- Специјализирана опремаМашини за глутеус и бонус теретана со тегови.
- Свежи вежбиВежбите се менуваат низ блоковите, телото не се навикнува.
Системот го избира твојот пат од твоите одговори и те води понатаму како што напредуваш.
🍑 СЀ ВО ЕДНО
Сè во една членарина.
🍑 ЧЛЕНСТВО
Сè што ти треба. Од 1.800 ден.
Твој простор, твој план и насоки за секој тренинг — вклучени во една месечна членарина.
Цените за другите опции се просечни месечни цени во Битола.
Цената останува твоја додека членството ти е активно.
Резервирај го своето местоНе плаќаш ништо сега. Членарината ја плаќаш во студиото при првата посета.
Заштедуваш 700 ден.
Околу 1.567 ден. месечно. Доволно време за два тренинг блока и градење навика.
💪 КАКО ФУНКЦИОНИРА
Од пријава до твојот план, чекор по чекор.
Сè се одвива на телефонот, освен тренингот. Ти треба само Telegram.
- 1Резервирај го своето местооколу 1 минутаПријави се онлајн за околу една минута. Можеш и да ни пишеш или да ни се јавиш ако ти треба помош. Веднаш добиваш QR-пропусница за влез, која важи 24 часа.
- 2Дојди и запознај се со студиотопон–пет, 14:00–21:00При првата посета нашиот тим ќе ти помогне со членството, пристапот и користењето на машините.
- 3Добиј личен план и тренирајОдговори на неколку прашања и добиј план прилагоден на твоите цели. Секој тренинг има јасни насоки и видеа за техниката. По уплатата, пропусницата важи за целото членство.
🍑 ПРАШАЊА
Пред да се зачленеш
Како влегувам 24/7?
Со QR-код на телефонот, секој ден и во секое време. Персоналот е тука од понеделник до петок, 14:00–21:00.
Како го добивам планот?
Во Telegram. Одговараш на неколку прашања и системот ти го прави планот, веднаш или од денот кога ќе избереш.
Што ако пропуштам тренинг или недела?
Ништо страшно. Продолжуваш од таму каде што застана, а планот се прилагодува на тоа што навистина го тренираше.
Имам болки во колена, грб или рамења. Може ли?
Кажи ни во прашањата и системот ги избегнува вежбите што ги оптоваруваат тие зглобови. Ако имаш здравствен проблем, прво посоветувај се со лекар.
Дали морам да го следам планот?
Не. Планот е тука кога ти треба, а можеш да тренираш и по свое.
Како плаќам? Има ли договор?
Плаќаш во студиото, при првата посета. Нема договор: месечното членство го откажуваш кога сакаш.
Дали цената ќе ми се зголеми?
Не. Цената по која ќе се зачленеш останува твоја додека членството ти е активно.
Може ли прво да пробам?
Да. Закажи бесплатен тренинг: те честиме кафе, ти ги покажуваме машините и тренираш со пример тренинг.
🍑 ПОСЛЕДЕН ЧЕКОР
Твоето место те чека.
Резервирај сега, без да платиш ништо. Плаќаш во студиото при првата посета.