🍑 ЧЛЕНСТВО
Сè што ти треба. Од 1.800 ден.
Другаде плаќаш теретана, па посебно план или тренер. Кај нас е сè во едно членство, и добиваш повеќе.
Цените за другите опции се просечни месечни цени во Битола.
Цената останува твоја додека членството ти е активно.
Резервирај го своето местоНе плаќаш ништо сега. Членарината ја плаќаш во студиото при првата посета.
Заштедуваш 700 ден.
Околу 1.567 ден. месечно. Доволно време за два тренинг блока и градење навика.
🍑 ПРАШАЊА
Пред да се зачленеш
Како влегувам 24/7?
Со QR-код на телефонот, секој ден и во секое време. Персоналот е тука од понеделник до петок, 14:00–21:00.
Како го добивам планот?
Во Telegram. Одговараш на неколку прашања и системот ти го прави планот, веднаш или од денот кога ќе избереш.
Што ако пропуштам тренинг или недела?
Ништо страшно. Продолжуваш од таму каде што застана, а планот се прилагодува на тоа што навистина го тренираше.
Имам болки во колена, грб или рамења. Може ли?
Кажи ни во прашањата и системот ги избегнува вежбите што ги оптоваруваат тие зглобови. Ако имаш здравствен проблем, прво посоветувај се со лекар.
Дали морам да го следам планот?
Не. Планот е тука кога ти треба, а можеш да тренираш и по свое.
Како плаќам? Има ли договор?
Плаќаш во студиото, при првата посета. Нема договор: месечното членство го откажуваш кога сакаш.
Дали цената ќе ми се зголеми?
Не. Цената по која ќе се зачленеш останува твоја додека членството ти е активно.
Може ли прво да пробам?
Да. Закажи бесплатен тренинг: те честиме кафе, ти ги покажуваме машините и тренираш со пример тренинг.